Турски рибари со нивните чамци доцна синоќа стигнале во територијалните води на Грција во делот меѓу островите Тасос и Самотраки, по што грчките рибари побарале од нив да се повлечат, но наместо со заминување, Турците одговориле со истрели во воздух, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.
Според ЕРТ, грчките рибари обвиниле дека во изминатите денови доста често турските рибари ловат во Тракиското море, на грчка територија, а синоќа околу 22 часот стигнале на четири до шест наутички милји од островот Самотраки.
Токму затоа, Грците се обиделе да побараат од нив да се повлечат, но обидот предизвикал тензија и турските рибари испукале неколку куршуми во воздух.
Од инцидентот, грчките рибари објавиле фотографии и видеа на социјалните мрежи
Дополнително, според грчката телевизија рибарите побарале помош од крајбрежната служба, меѓутоа не добиле одговор.