На Отвореното првенство во САД, одредени се сите полуфиналисти во машка и женска конкуренција.
Првата носителка, белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе игра против Американката Џесика Пегула.
Јапонката Наоми Осака ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова.
Двата меча ќе се играат ноќта четврток кон петок по македонско време.
Минатата година трофејот го освои Сабаленка – за прв пат во својата кариера. Во финалето, таа ја победи Пегула.
Во машка конкуренција српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз, додека Италијанецот Јаник Синер ќе се соочи со Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.
И двата меча ќе се играат утре (5 септември).
Во 2024 година на Грен слемот во Њујорк, Синер го победи Американецот Тејлор Фриц во финалето и стана првиот Италијанец во историјата што го освои УС Опен.