На Евробаскетот синоќа се случи најголемото изненадување откако Финска ја елиминира Србија со победата од 92:86 (28:24; 24:16; 24:18 и 24:20). Финска во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот Франција – Грузија.
Кошаркарите на Финска од самиот почетокот навестија дека се подготвени за изненадување, иако во најголемиот дел од натпреварот двете репрезентации се менуваа во водство. Сепак завршницата им припадна на Финците, кои на теренот делуваа смирено, за разлика од кошаркарите на Србија кои во дадени моменти немаа решение и не успеаја да ги спречат ривалите во офанзивниот скок.
Првиот играч на Финска Лаури Маркинен постигна 29 поени, додека најефикасен на дуелот беше Никола Јокиќ со 30.
На другите осминафинални дуели одиграни вчера: Литванија – Летонија 88:79, Турција – Шведска 85:79 и Германија – Португалија 85:58.
Денеска се играат другите четири осминафинални натпревари: Полска – БиХ (почеток 11 чсот), Франција – Грузија (почеток 14:15 часот), Италија – Словенија (почеток 17:30 часот) и Грција – Израел (почеток 20:45 часот).
Четвртфиналните двојки се: Литванија – Грција/Израел, Турција – Полска / БиХ, Германија – Италија/Словенија и Финска – Франција/Грузија.