ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Продолжува судскиот процес за случајот „Онкологија“

September 10, 2025 09:30
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот „Онкологија“ против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи без второобвинетета Мери Пешевска која призна вина.

Васев и двајца обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште пред Судот негираа вина.

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор на минатото рочиште најави дека пред Судот, ќе изнесе докази дека првообвинетиот Никола Васев свесно и систематски постапувал спротивно на основните начела притоа предизвикувајќи тешко нарушување на здравјето на пациентите.

-Обвинетиот извршил повеќе исти дејствија и со што грубо ги прекршил стандардите и препораките на светските и европски онколошки процедури. Обвинетиот без конзилијарна одлука спроведувал и одобрувал терапии со несоодветно дозирање и аплицирање, и без оценка на перформанс статусот и биохемиски параметри на пациентите. Ќе покажеме дека терапиите биле препишувани дури и кога не биле потребни, а со тоа и штетни, без можност за развивање терапевтски ефект, изјави Гоговска Јакимовска.

Васев, пред Судот рече дека не се чувствува за виновен, и реагираше дека „се дозволило во постапката вешто лице што тој го сменил од директор на Клиниката во 2017 година“. Според неговата одбрана, против Васев се води „некој вид на заговор“ и најави дека во целост ќе се спротивстават и побијат доказите на Обвинителството преку основани и цврсти докази, вклучително и вештачења и вербално сослушување на докторите од Србија и Словенија, кои ги изработиле вештачењата на Обвинителството.

Пешевска на минатото рочиште рече дека ја прифаќа вината, по што Судот ја раздвои постапка против неа и ќе треба да продолжи на 17 септември.

Судскиот процес го води судијката Снежана Марковска.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Tags: онкологијасудски процес
Next Post

Народна банка: Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk