ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

September 10, 2025 10:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас го надгледувам тој процес од времето на господинот Груевски, кога на Србија и беше дозволено да прослави 100 годишнина од Балканската војна и првата светска војна, изјави Љубчо Георгиевски, претседателот на ВМРО Народна партија, за ЦивилМедиа по повод зачестеното присуство на српски функционери на територијата на Северна Македонија, вклучително и последното на министерката за труд и социјална политика на Србија која ја прогласи земјава за српска територија.

И така почна тоа срамежливо, имаше некакви реакции, на Зебрњак, сите мислевме дека тоа ќе биде еднократно, тоа беше недозволиво според македонската официјална историја која се уште важи, меѓутоа гледаме дека тоа продолжи низ годините, доста срамежливо, вели Георгиевски.

Според него, сега ако се направи анализа, ќе видите дека имало и години кога не се прославувало, меѓутоа она што е сосема јасно е дека последната година, откако дојде новата многу патриотска власт на ВМРО-ДПМНЕ, горда Македонија, значи ние имаме веќе и проширување на тие настани. Така што на времето се славеше само Зебрњак, Кајмакчалан, и во Битола еден настан, сега веќе имаме 7/8 такви настани, Вук ни е сега вселен, докажан антимакедонски асимилатор, потоа имаме Рамне, каде што имало некаков масакр, како што велат тие, од македонските Бугари врз српски војници, во Удово, секаде ја слушаме истата приказна, Македонците биле бугарски бандити, мислат на ВМРО историското, а српските војници биле млади питомци, ранети, невини жртви, таа е реториката која се следи.

Тие се 7/8 настани кои се одбележуваат, и секогаш се поинтензивно и поинтензивно, а оваа година мислам кулминацијата беше што некако, друг пат не сум го забележал, или ги поместуваат деновите, овој пат се поклопи 100% со 8 септември, Ден на државноста на Македонија. Така што ние имавме во еден момент два државни празника во Македонија, тоа беше славење на окупацијата на Кајмакчалан, и втората работа, прослава на македонската државност, тоа е иронија, посочува Георгиевски.

Втората работа според Георгиевски, е што овој пат имаме и проширување со спомен плоча во Новаци, јас не знам таа спомен плоча или е дивоградба, или власта на ВМРО-ДПМНЕ има дадено дозвола. Знаеме колку знаеме да бидеме патриоти кога Албанците треба да стават некој споменик, или Бугарите, цела Македонија се крева, тука имаме револуција на изјави, а сега еден докажан македонски асимилатор српски четник, војвода Вук, спомен плоча му се става и нема никаков проблем.

Од трета страна сето тоа се надоградува со шетање на српска паравојска на територијата на Македонија, претпоставувам тоа се разни ветерански здруженија , одбранбени сили, а да не зборуваме дека самите државни манифестации се прават на некој многу чуден начи, смета Георгиевски.

Имаме државна војска на Србија и имаме македонска армија, официјална армија на Македонија на сите прослави Имаме државни представители на српската политика и државни представители на македонската власт. Дали се тоа од локалната самоуправа, дали е обавезно потпретседателот на владата, по државна димензија не може да има целата таа ситуација. И она што е интересно во сите тие говори, ние слушаме како Српската армија ја ослободила Јужна Србија, се користат термини  Стара Србија, Вардарската новина, не сум го забележал, морам да признам, меѓутоа Јужна Стара Србија и Вековна Србија, српски народ кој е ослободен, Кајмак Чалан е порта на Србија, Битова бил втор најголем град во Србија во тоа време.

Ваква терминологија, колку што сакате имаме. Ова што е интересно, тоа се случило пред македонско знаме, пред македонски војни претставници и пред македонски државни претставници.

Има димензии колку што сакате. Ние се повикуваме на официјална историја, македонска, која е од времето на комунизмот Југославија и за неа се тепаме до крај, ама ако се тепаме, тоа е принципиелно да се тепаме. За сите прашања? Да, по сите прашања, во таа официјална историја, бившите комунисти, што многу често сум ги напаѓал, имаат црвена линија за великосрпскиот шовинизам.

Јас сум живеел во таа Југославија, никој не спомнуваше, целиот термин за српската окупација беше најжесток и најенергично се напаѓаше целата ситуација.

Истото тоа, Охридско-Дебаското востание, пред неколку дена, исто така беше. Никаде никакво одбележување немаше за целата приказна. Не се Албанците, Петар Чаулев е. Да, но е парадоксално е како прословуваме, вели тој и додава: Петар Чаулев го славиме затоа што Ванчо Михајлов го убил, а Петар Чаулев кој беше командант на Охридско-Дебарското востание, ништо, што е? Бугарин бил, така? Такви парадоксални ситуации, не може да се дозвола.

Георгиевски потенцира дека неколку пати повикувале, тој и сега ја повикувам македонската интелектуална јавност и новинарска јавност , дека немаме транспарентен договор кој не сме го видели во јавноста како е потпишан, што се содржи тој договор и кој го дал правото на великосрпскиот шовинизам овде да слави во Македонија.

Тој договор е таен, тој не е поминат во парламент. Има некаков договор, сум чул дека има некаков договор. Меѓутоа, тој договор не е поминат во парламент, најверојатно во влада на затворена седмица.

Меѓутоа, никогаш не е објавен во јавноста. Ние не знаеме што добиваме со тој договор, што сме добиле со тој договор. Ама што Македонската страна има добиено? Тој е тајна на нас, очевидно. Може и тоа да е. Или Македонската длабока држава си функционира.

Гледајте сега, за општата историја со Бугарија, која ни отвора пат за евроатланската интеграција, креваме паники. А овде е општата историја со Србија, која е окупациска на територијата на Македонија, по долго време, дваесет и три години, ние молчиме. Не може така, тоа е двоен стандард.

На крајот на краиштата, нека го покажат договорот, може би тој договор што со Србија е потпишан, да го понудат истиот договор на Бугарија. Да го видиме кој е тој договор, што имаме во тој договор.

На прашањето за улогата на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ и со што задолжи ВМРО-ДПМНЕ за да може непречено да работи за интересите на српскиот свет во Северна Македонија, Георгиевски вели:

Можам да ви кажам вака, Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност. Тој од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава. И денес, од време навреме кога му ги слушам неговите патриотските изјави против Бугарија, против Албанците, против името не го даваме. Просто смешно ваквите патриоти, лажни патриоти и квази патриоти, да ја бранат македонската идеја.

Според претседателот на ВМРО -народна, проблемот е што сето тоа го нема која доаѓа од великосрпскиот шовинизам, затоа што тој, ок, Србин е, меѓутоа тој треба да ја застапува македонската државност. Очигледно тоа не се случува, напротив со своите поставки и щтети на Македонија.

Добро го кажавте, неговите контакти и со Русија, и со Српскиот дел од Босна,  Ние имаме една ситуација каде човекот директно ја загрозува позицијата на Македонија, не само на Балканот геостратешката, идентитетската позиција на Македонија, а да не зборуваме и за Евроатлантската интеграција, вели Георгиевски.

И сега, да речеме дека тој е пратеник од кој зависи владата, да речеме дека премиерот мора да му дозволи некој работи. Ама од Стоиљковиќ не зависи ништо во оваа владина структура, додава тој.

Според Георгиевски, не се работи за негова лична задолженост, но се работи за политиката на целото ВМРО – ДПМНЕ кое, според него, за жал во овој момент е идеолошки изгубена страна во македонскиот простор. Тие за жал повеќе се однесуваат како да се наследници на четничкиот вардарски корпус, кој е поразен 1945. година, а кој немал малку пристатници во Македонија.

Малку се зборува за тоа и за тоа што четниците 1945. година, кога Кралот ги повикува во Македонија, во Србија не сегде, и кој таму поминува. Меѓутоа во Македонија сите единици кои не биле разбиени, поминуваат и стануваат и партизани.

Потоа стануваат и државни функционери во Р. Македонија. Имате таква ситуација, четничкиот корпус е променет во партизански поречки корпус. Четничкиот корпус на Скопска Црна Гора е променет во партизански батаљон. Имаме такви единици кои од четнички директно се променети во партизани за да покажат што повеќе е партизани. Тоа го имало и во Србија масовно. И во Босна, и во Хрватска што имало четници, затоа што кралот ги повикува.

Работата е што тие се луѓе кои се борат за велика Србија со концепт, нема Македонија, има Србија овде, вели Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: вицепремиерот Иван СтоилковиќВМРО-ДПМНЕголемосрпска пропаганда
Next Post

EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

НАЈНОВО

Членовите на Комисијата за надзор на АНБ и АР со безбедносен сертификат денеска ќе ја посетат АНБ, а утре АР

September 10, 2025

Владата најавува реконструкција на „Македониум“, обезбедени 2,5 милиони денари за првична заштита

September 10, 2025

Али и Мали

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: „2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk