ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Да бидеш Македонец е ништо, да постоиш е нешто друго!

September 13, 2025 11:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Фото: Gürkan Sengün - Википедија

Фото: Gürkan Sengün - Википедија

Share on FacebookShare on Twitter
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Можеме ли да го замислиме Лавот од Луцерн како на умирање црта црвени линии пред Швајцарската гарда која бранејќи ја монархијата во Француската револуција, односно својот завет и својата чест, низ жестока борба се повлекува пред француските револуционери кон палатата Тилери и тука паѓа пред надмоќниот непријател?

Можеме ли во Македонија да откриеме нешто од симболиките на тој велелепен споменик на честа, лојалноста и саможртвата, но и на историските траектории кои знаат таквите возвишености да ги фрлат на погрешната страна во времињата на радикалните пресврти.

Од фактот, да речеме, дека тоа што Гардата била на страната на поразот не ја намалува епиката на нејзината борба и возвишеноста на нејзиниот пад, туку обратно. Или од фактот дека бранела еден поразен и презрен режим по цена на своите животи, Македонија може да извлече заклучок дека треба да биде поскромна во флуидните прашања за честа која и вака и така ја има испозагубено во релациите со себе и со светот и да поведе повеќе сметка за тоа да биде на страната на победниците. Конечно, дека да се биде на страната на победниците не е алтернатива на честа и достоинството, туку единствено прибежиште и на нацијата и на нејзината чест. И, не на последно место, има ли прашањето на македонската чест надвор од евроинтеграциите, реална содржина или е тоа тема доминирана од манипулации, митови и лаги.

Како можат таканаречените македонски позиции да се одбранат со црвени линии или можеби со линии во некоја друга боја?

Некоја нијанса мораме да чуваме за одбрана од српските аспирации.

Пурпурна, за Српскиот свет.

Треба да побрзаме, понеже тој, како што е познато, се распаѓа.

Се плашам дека се заплеткуваме во тие линии.

Како риби во мрежа.

Сигурен сум.

Има повеќе паралели со историјата за која сведочи феноменалниот споменик Лукас Ахорн од 1821 година: Умирачкиот лав во луцернската карпа.

Ние сме полумртва мачка избодена од копјата на своите елити и на својот неверен народ. Мачка на која, просто, не и личи да црта црвени линии и да испраќа ултиматуми до Европа и до светот.

До Бугарија.

Еден темелно десубјективизиран и самодеградиран феномен.

Таа занимација на македонската мачка на умирање, сега слушам, со ангажман на меѓународни експерти и потрошени домашни ѕвезди, се заканува да ја изедначи судбината на Македонија со таа на Швајцарската гарда, со таа разлика што ние ќе испозагинеме обесчестени од самите себе.

За време на Француската револуција светот бил восхитен од борбата на гардистите, додека за Македонците ги загуби сите симпатии и интереси затоа што Македонците го уверија дека се безнадежен случај.

Вмро беше најубедлив во тоа.

Изгласајте ги уставните промени и почнете ги преговорите.

Ако ви е малку тоа што го има во преговарачката рамка и во Договорот со Бугарија, вие можете да цртате не линии, можете да цртате графити, Банкси можете да го ангажирате, ќе завршиме како усрани гардисти на усраниот македонизам.

Ќе го завршите проектот борејќи се со ветерниците на искомплексираниот дух.

Зошто е патот од Штип до Радовиш експресен?

Зошто не е суперсоничен?

Зошто е стадионот во Скопје национална арена?

Зошто е Академијата на науките и уметностите македонска?

Зошто се операта и балетот македонски?

Зошто Струшките вечери на поезијата не се македонски.

Или Крушевската република.

Зошто џидипито расте со гигантски чекори?

Зошто платите и пензиите растат побргу само во две-три главурди од владата.

Зошто со сјајни етикети сакаме да го надоместиме недостигот на суштина.

Недостиг што потоа го браниме со црвени линии.

И етикети.

Зошто е се национално, експресно и гигантско во земјата со флотантна маса оглупавен народ, со Дрисла и Вардариште на десетина односно на пет километри од Владата и Парламентот, со Драчево, Батинци и Аеродром, кои, мислат министрите и пратениците ќе го впијат сиот отров и до нив ќе стигне чист воздух.

Уништувањето на стандардот на сериозноста стана безмалку целосно со порастот на културата чии најчитливи, најуверливи вредности се извлекуваат од индустријата на забавата. Тука културата се заменува со културен настан. Тоа е меропријатие кога познати имиња им пружаат забава на политичари, професори, директори, партии и, особено, на хистеризираната маса која на такви забави покажува колку ја сака Македонија и, всушност, се мрази себе си.

Арто вели дека уметноста себе се оправдува со стандардите на моралната сериозност. Кај нас не е сосема јасно дали отсуството на морална сериозност, всушност на моралот воопшто, ја поразува уметноста или нејзиното повлекување во корист на забавата го предизвикува моралниот пораз.

Сомнежот во општествената функција на уметноста што ја донесе модернизмот, во Македонија е избришан преку ослободувањето од уметноста во корист на забавата.

Тука нема црвени линии.

Нема никакви.

Манипулација, заведување, пари, профити.

Каква чест, какво достоинство

Да бидеш Македонец е ништо.

Да постоиш е нешто друго.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници, ќе имаме голем успех на локалните избори

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Дилемата на ЕУ: Комисијата нуди „морков“, членките бараат „навистина подготвени“ кандидати

November 4, 2025
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

November 4, 2025

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk