Водич за перименопауза во Македонија ќе биде промовиран денеска во рамки на 21. Конгрес на Македонското лекарско друштво што се одржува во Скопје.
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) соопшти дека водичот е прв систематизиран документ во државава со јасни стандарди и насоки за матични лекари и гинеколози, со цел жените да добијат навремена, квалитетна и интегрирана здравствена грижа во оваа значајна животна фаза. Изработен е од МАГО и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), со поддршка на мултидисциплинарна експертска група.
На прес-конференцијата по повод промоцијата, ќе се обратат проф.д-р Глигор Тофоски, специјалист по гинекологија и акушерство, проф.д-р Катарина Ставриќ – претседателка на Катедра по семејна едицина, спец.д-р Борислава Спировска, матичен гинеколог и Весна Матевска – програмска раководителка во ХЕРА.