ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Герасимовски го презентираше отчетот: Општината за првпат има стабилност и ред, во еден мандат изградена најубавата градинка „Пролет“

September 14, 2025 15:27
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Среќен сум што после 4 години, успеавме Центар да го подобриме, да го подигнеме на повисоко ниво. Успеавме да изградиме култура во која сите, без разлика на партиската, професионалната, верската или било која друга припадност, работат во интерес на општината. Општина Центар за првпат има стабилност, ред и поредок, нема скандали и афери, има дебата, има дијалог за најдобрите можни решенија за граѓаните“. Ова го потенцираше градоначалникот на Општина Центар, на прес-конференција на којашто го презентираше отчетот за реализираните проекти во изминатите четири години.

Герасимовски изјави дека во еден мандат е изградена најубава градинка во Скопје и Македонија, тоа е градинката „Пролет“ кадешто згрижени се 173 дечиња.

„Ја изградивме од буџетски средства, без помош од страна. Највисоки стандарди, по најниска цена на градба. За мене, и за Вас, најважно е да ги воведем највисоките стандарди за нашите најмили, за да нивните родители се спокојни, да можат да работат и да добијат најдобра грижа за децата. Воведовме новина, дечињата да можат да останат и подолго во градинките, за да дополнително им помогнеме на родителите. Покрај новата градинка, сите постоечки градинки, целосно ги реновиравме. Со нови фасади, со вистинска енергетска ефикасност, со најдобри внатрешни услови и со воведување на предучилишно образование“, додаде Герасимовски.

Тој посебен фокус во мандатот ставил за младите и образованието, информирајќи дека се реновирани сите училишта и поставени се највисоки стандарди за безбедност, квалитет во наставата и хигиената.

„Почнувајќи од огромната промена во „Коле Неделковски“ по 6 децении, па се’ до тековното поставување на фотоволтаици на „Кирил и Методиј“ кое оваа година одбележува 190 години постоење, како најстаро училиште во Македонија,“ рече Герасимовски.

Тој додаде дека за сите нови првачиња континуирано се обезбедуваат ранци и прибор, а од оваа година и квалитетни униформи за сите основци.

„Во нашите 8 општински училишта, учениците имаат најдобри спортски сали, нови смарт табли и услови да стекнат знаења со современите методи и техники. Центар е општина која најсилно во државата ги поддржува со стипендии талентираните ученици и младите спортски таленти“, изјави Герасимовски.

Меѓу реализираните проекти, на прес-конференцијата ги издвои обновените спортски терени и новоизградените детски игралишта.

„Ги обновивме отворените спортски терени и многу важно, ги обновивме и изградивме нови детски игралишта, со разновидни и безбедни реквизити, кои се вистински детски оази во нашиот Центар“, потенцираше Герасимовски.

Герасимовски, потенцираше и дека од самиот почеток во своето работење се водел од лични и семејни вредности и принципи.

„Принципи на чесност, скромност, на вредности на макотрпна работа, на вреден труд, на почитување на сите луѓе, на прифаќање на разликите, на обврската да помогнеме, да бидеме солидарни, толерантни, да имаме дијалог и разбирање, да имаме верба, да покажеме емоција кон сите и кон нашата околина и природа,“ истакна тој.

Next Post

МОН: Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба

НАЈНОВО

Магла изутрина, од четврток промена – доаѓаат локални врнежи од дожд

November 4, 2025

(ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

November 4, 2025
Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk