ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стармер: Луѓето имаат право на мирен протест

September 14, 2025 19:46
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето имаат право на мирен протест. Тоа е основата на вредностите на нашата земја, напиша на Х британскиот премиер Кир Стармер во врска со вчерашниот протест во Лондон.

– Но, нема да толерираме напади врз полицајци кои ја вршат својата работа или луѓе кои се чувствуваат заплашено на нашите улици поради нивното потекло или бојата на нивната кожа, додаде тој.

– Британија е нација гордо изградена врз толеранција, различност и почит. Нашето знаме ја претставува нашата разнолика земја и никогаш нема да го предадеме на оние кои го користат како симбол на насилство, страв и поделба, нагласи британскиот премиер.

Над 100.000 демонстранти учествуваа на вчерашниот протест во Лондон, организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, соопшти лондонската полиција.

Протестот, одржан под слоганот „Да го обединиме Кралството“, беше проследен и со контрапротест на движењето „Исправи се против расизмот“, со околу 5.000 учесници.

Над 1.000 припадници на полицијата беа распоредени низ улиците на британскиот главен град, воспоставувајќи тампон-зона меѓу двете групи за да се спречат судири. Британските медиуми јавуваат дека неколку полицајци биле нападнати од поддржувачите на Робинсон.

Според поддржувачите на Робинсон, чие вистинско име е Стивен Јаксли-Ленон, на протестот учествувале над три милиони луѓе, што е значително повисока бројка од официјалните податоци.

Робинсон, познат по своите националистички и антимигрантски ставови, го опиша протестот како борба за слободата на говорот и заштита на британското наследство. Демонстрантите носеа знамиња на Англија и Велика Британија, скандирајќи „Си ја сакаме земјата назад“ и држејќи транспаренти со пораки како „Запрете ги бродовите“ и „Спасете ги нашите деца“.

Контрапротестите упатија порака против крајната десница со транспаренти „Добредојдовте, бегалци“.

Tags: мирен протестСтармер
Next Post

ДЗС: Чадењето од депонијата „Дрисла“ значително намалено, затрупувањето продолжува утре

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk