Повеќе од две недели по почетокот на учебната година мнозинство ученици и училишта сѐ уште се без учебници, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.
Оттаму посочуваат дека „денешните изјави на минисерката Јаневска дека недостатокот на учебници ќе го решавале со донации се признание за дебаклот и неспособноста на оваа власт“.
„На 11 јуни министерката Јаневска изјави дека сите учебници, вклучувајќи ги и оние за странски јазици од прво до деветто одделение, ќе бидат обезбедени до 1 септември.
Помина повеќе од половиа месец, учебници нема.
Со една работа само се пофалија и за таа излажаа.
Цената за неспособноста на власта ја плаќаат учениците и нивните родители.
Учениците не можат да учат, не можат добро да се подготват, се создава хаос со наставата, и сето тоа е дополнителен стрес за сите нив.
Јавноста очекува одговорност за пропустите и сериозен план кој ќе гарантира дека вакви срамни ситуации нема да се повторуваат“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Министерката Јаневска за проблемот со недостиг од учебници денеска изјави дека „постои недоразбирање кое во иднина ќе треба да го решиме“.
Постои недоразбирање кое во иднина ќе треба да го решиме, а за кое многу пати сме зборувале. МОН многу пати повикуваше што се треба да се направи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Taa рече дека „и во овој момент праќаат дописи до училиштата”.
– Ќе продолжиме понатаму да ги допрецизираме правилниците, за децидно да им укажеме што, како и во кој период треба да направат, за во иднина да немаме вакви проблеми. За дел од проблемите бараме и изнаоѓаме решенија и голем дел од учебниците ќе можеме да ги надокнадиме на разни начини, а во иднина се надевам дека повеќе ќе немаме вакви проблеми затоа што сметам дека веќе воспоставувсме стабилен систем за снабдување со учебници, истакна Јаневска.