Естонија планира до 2027 година да заврши изградбата на противтенковски ров во југоисточниот дел на земјата. Ровот, во близина на границата со Русија, ќе биде дел од така наречената Балтичка одбранбена линија.
– До крајот на 2027 година, планирано е да се заврши изградбата на повеќе од 40 километри противтенковски ров. Покрај тоа, речиси 600 бункери треба или да бидат веќе опремени на земја или да бидат лоцирани во непосредна близина на планираните позиции, изјави за телевизијата претставник на Генералштабот на естонските одбранбени сили.
Вкупната должина на одбранбената зона ќе биде околу 100 километри, а ќе биде оддалечена околу 40 километри од копнената граница со Русија.
Естонија, Литванија, Летонија и Полска во јуни 2024 година побараа од Европска Унија да издвои средства за изградба на одбранбена линија на границата со Русија и Белорусија. Одбранбената линија долга 700 километри треба да се изгради во координација со НАТО и во согласност со воените барања на Алијансата, а се предвидува да чини околу 2,5 милијарди евра.