Вечерва во Париз беа доделени најпрестижните фудбалски награди „Ballon d’Or“ за 2025 година.
Церемонијата се одржа во Théâtre du Châtelet, а присуствуваа најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, како и претставници од спортот, културата и медиумите.
Ова е 69-тото издание на наградата, која традиционално ја доделува францускиот магазин France Football, во соработка со L’Équipe. Златната топка годинава ги опфати настапите на играчите во сезоната 2024/25, од август 2024 до јули 2025 година.
За најдобар играч на светот и добитник на Златната топка е прогласен Осман Дембеле (ПСЖ).
За најдобра тим на светот е прогласен победникот на Лигата на шампионите ПСЖ.
Копа трофејот за најдобар млад играч го понесе Ламин Јамал (Барселона).
Најдобар тренер (Јашин трофеј) на машка екипа е Луис Енрике (ПСЖ).
Јашин трофејот за најдобар голман го освои Џанлуиџи Донарума.
Трофејот Герт Милер за најдобар напаѓач го освои Виктор Ѓокереш.





