ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: Со нов закон системски е решено прашањето за учебниците кои недостасуваа во време на претходната Влада

September 23, 2025 14:50
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелното раководство на Министерството за образование и наука (МОН) со нов Закон за учебници, изработен заедно со сите засегнати чинители во одобрувањето, изработката и испораката на учебници во основното и средното образование го реши предизвикот кој четири министри на претходната Влада не успеаја да го надминат, се вели во реакцијата на МОН на денешната изјава на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска дека по цел месец од почетокот на учебната година, учениците и понатаму немаат учебници.

– Оваа учебна година има учебници за сите ученици и испораката е веќе завршена. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното образование и во прва година во средно гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми. За прв пат, по цели седум години нови учебници има и по сите странски јазици. Изработката на нови наставни програми и учебници ќе продолжи и во следните учебни години, како дел од планот за етапна реформа на националниот образовен систем. Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан, посочуваат од МОН.

Дополнително, како што се наведува, на училиштата и учениците покрај печатените учебници, како опција на располагање им се и електронските верзии на истите тие одобрени учебници.

– Така што, залудни се обидите на политичката партија СДСМ со невистини да се обидува да го девалвира трудот и посветеноста кон учениците и обезбедувањето на услови за квалитетна настава. Помина времето на негрижа кон образовниот систем, учениците, наставниците и родителите. Промените се случуваат, а ефектот ќе се огледа преку новите генерации кои ќе располагаат со поконкурентни знаења и потребните вештини за успех, стои во реакцијата на МОН.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Руте: Подготвени сме да продолжиме да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

НАЈНОВО

Движењето „Ниту една повеќе“ одржа протест пред Собрание

September 25, 2025

Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси

September 25, 2025

СДСМ ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии

September 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цистерна се запали откако излетала од патот Гевгелија – Богданци, пожарот изгаснат, сообраќајот е во прекин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драстично зголемување на буџетското ограничување во Ф1: 215 милиони долари од 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ во ОН изјави дека Косово е „неразделен дел од Србија“ и дека се води „лажна кампања“ против Србија и Република Српска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гледа крајот, а се гледа и можен почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk