ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Предизборни набавки на нови униформи на МВР без двојазичност – отворена политичка и правна полемика

September 23, 2025 16:41
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот тендер кој го објави вчера Министерствотото за внатрешни работи (МВР), за како што велат, нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции, предизвика реакции кај дел од медиумите на албански јазик и кај опозициската ДУИ.

– Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција, соопшти МВР.

Од МВР потенцираат дека новата униформа, во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, теренски панталони летни и зимски, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми.

Според прикажаната фотографија со новите униформи, на ознаките „Полиција“ освен кирилично писмо, не се прикажува и латинично.

Од Демократската Унија за Интеграција ( ДУИ), денеска преку соопштение ја осудија дискриминаторската политика на ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи на принципите на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците.

„Демократската унија за интеграција го изразува своето најдлабоко негодување поради скандалозната одлука новите полициски униформи да бидат само на македонски јазик. Овој чин е флагрантно кршење на принципите на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците, кој гарантира еднаквост и двојазичност во државните институции, а особено во полициските униформи.

Ова не е изолиран случај, туку продолжение на дискриминаторската политика на ВМРО-ДПМНЕ, која веќе иницираше отстранување на албанскиот јазик како службен јазик во Уставниот суд. Она што го прави уште поскандалозно е сервилното молчење на албанските партии на власт, кои прифатија да станат вазали на антиалбанските политики, кршејќи го достоинството и правата на Албанците за ситни политички интереси.

Еднојазичните униформи не се само облека. Тие се симбол на идентитетот на државата, еднаквоста и почитувањето. Кога законот бара двојазичност, а Владата наметнува еднојазичност, ова е доказ за губење на политичкиот суверенитет на албанските партии кои денес ги одразуваат интересите на ВМРО.

ДУИ јасно става до знаење: Албанците нема да прифатат вакви понижувања. Законот е јасен, во општините каде што Албанците се најмалку 20%, секоја државна институција е должна да ги користи службените јазици, вклучувајќи ги униформите и јавната комуникација.

Бараме итно повлекување на оваа дискриминаторска одлука; замена на полициските униформи со двојазични натписи, според законот, и јавно извинување од албанските партии на власт, кои го одобрија овој срам.

Еднаквоста не е луксуз, таа е законска, морална и национална обврска. ДУИ не прифаќа компромис со достоинство. Албанците се жртвуваа за еднаквост и оваа срамна одлука ќе биде поништена.“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Од владиниот коалициски партнер ВЛЕН, молк.

Во 2022 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата на Алсат „Патот кон“ ( Rruga drejt) најави дека до март 2023 година полициските униформи и амблеми ќе бидат двојазични.

„Уредбата беше одобрена од Владата и објавена во Службен весник на 18 март 2022 година. Таа стапи во сила 8 дена по нејзиното донесување, а ќе започне да се спроведува најдоцна 1 година од денот на стапување во сила, поточно најдоцна до 26 март 2023 година. Правиме подготовки и кога ќе истече рокот, треба да започне имплементацијата согласно Законот за употреба на јазиците“, изјави Спасовски.

Редакцијата на ЦивилМедиа упати прашање до Министерството за внатрешни работи за тоа дали новите униформи ќе бидат двојазични, но до објавувањето на овој текст, не добивме одговор.

Во Членот 8 од Законот за употреба на јазиците се наведува дека униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Инаку, тендерот за набавка на нови униформи за полицајците, се објавува токму во пресрет на локалните избори што ќе се одржат следниот месец, во веќе вжештена предизборна атмосфера и реторика помеѓу политичките ривали и нивните поддржувачи.

Дијана Тахири / Цивил Медиа

Next Post
Поглед на Земјата од Месечината. Фото: Генерирано со ВИ

Кинеските астрономи открија свлечишта предизвикани од подземни потреси

НАЈНОВО

Скриншот

Големите економии во развој отпорни на американските царини: Кина, Индија и Бразил добро се справуваат

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk