Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинската милитантна група Хамас, синоќа издаде итно предупредување до раководството на Израел во врска со воената операција во Газа и „опасноста што таа ја претставува за затворениците во градот“.
„Како што и претходно бевте предупредени, колку повеќе го проширувате опсегот на вашите криминални операции во градот Газа, толку е поголема опасноста за вашите затвореници. Повлечете се веднаш“, се наведува во краткото соопштение објавено на официјалниот профил на групата на Телеграм.
Хамас постојано предупредува дека лидерите на израелската армија би можеле да го спроведат својот план за окупирање на градот Газа, нагласувајќи дека тоа би значело „не само смрт на притворените, туку и дека нивната судбина би била слична на онаа на Рон Арад“, израелскиот пилот кој исчезна во 1986 година за време на мисија над Либан и чија судбина никогаш не е официјално разјаснета.