ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Каранфилова Пановска: СДСМ во Програмата за локалните избори нуди решенија кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во општините

September 27, 2025 15:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателката на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска денеска во своето обраќање на регионалната конференција под мотото„Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Прогрес Институт, се осврна на значењето на претстојните локални избори за СДСМ и за Македонија, како и за за регионалното поврзување на социјалдемократските партии.

„Кога зборуваме за важноста на изборите во Македонија, важноста на локалните избори за СДСМ,  сметавме дека е многу важно на овие локални избори како ново раководство на партијата, како една нова визија, којашто во себе ги содржите постулатите на социјалдемократските вредности, да покажеме свежина, сметавме дека е многу важно да понудиме добра и програмска и кадровска понуда којашто ќе направи разлика визави нашите политички опоненти и тоа не во на ниво на флоскула, него на ниво на суштина“, истакна Каранфилова Пановска.

Таа нагласи дека граѓаните во Македонија чувствуваат една стравична апатија, незадоволство и чувство на несигурност во сопствените домови, на сопствените улици, институции, и токму затоа СДСМ нуди решенија и политики коишто ќе ја вратат довербата на граѓаните во општинската администрација.

„Решенија кои ќе ја вратат довербата на граѓаните дека во јавните простори можат да се чувствуваат безбедни, ќе ја  вратат довербата дека сервисите коишто им ги нудат општините ги задоволуваат нивните потреби и ги решаваат нивните проблеми. Но, пред се и над се ќе направат да се чувствуваат безбедно. Ќе понудиме политики коишто ќе обезбедат чиста животна средина. За жал видовте колку е нашиот главен град затрупан во ѓубре, колку се улиците се валкани,  колку инфраструктурата е несоодветна. Ние ќе понудиме општини коишто ќе обезбедат една чиста и здрава животна средина и со тоа да ги направиме општините места каде што нашите млади генерации ќе сакаат да останат“, рече Каранфилова Пановска.

Во своето обраќање Каранфилова Пановска додаде дека општината на ниво на сервиси на услуги на политики што ги нуди е и јадрото и орбитата за граѓаните, а локалната власт е таа којашто би требало да биде еден од најголемите манифестатори на тоа како се владее во една држава.

„За жал, во нашата Северна Македонија во општините, коишто во најголем дел се предводени од партиите на владеачката коалиција, покрај назадувањето на централно ниво во изминатите четири години, сведоци сме на една девастација на јавниот простор, на девастација на можностите за напредок на компаниите, на девастација на услугите  коишто сум се нудат на граѓаните на образовните услуги итн, и во тој контекст сметам дека ова што го нудиме како политики и мерки што го изработивме во рамки на програмите во еден широк инклузивен процес како во кој што беа вклучени нашите членови, пошироко граѓаните, нашите партнери од регионот мислиме дека ќе биде една верна понуда“,, рече Каранфиловска Пановска, додавајќи дека кандидатите на СДСМ, се докажани чесни и достоинствени во заедниците коишто ги претставуваат и ќе обезбедат максимизација на резултатот.

Во тој контекст, Каранфиловска Пановска го нагласи значењето на поинтензивното поврзување на социјалдемократските партии од регионот, како штит на актуелната оска што се движи од Москва преку Будимпешта и Белград.

„Солидарни и силни социјалдемократски партии, сестрински партии од регионот можат да бидат контрапункт на авторитарните режими, нешто што во овој нов глобален контекст, со она што се случува преку океанот се поставува како дополнително важно и есенцијално за опстанокот на регионот. Без социјалдемократските идеи нема кохезија во рамки на нашите национални држави, нема кохезија во рамки на регионот и невозможна е кохезијата на овој регион со Европската унија“, порача заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска.

На денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, сестринските социјалдемократски партии од Западен Балкан упатаа поддршка до СДСМ за претстојните локални избори.

Next Post
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk