ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

September 27, 2025 15:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници за претстојните Локални избори се осврна и на резулуцијата „црвени линии“ за Бугарија, која ја презентираше претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Мицкоски потенцираше дека додека тие борат за чесна и  успешна Македонија, а какошто рече „гледаме за што се борат нашите противници“.

-Гледаме дека нашите противници повторно се обидуваат со трикови и празни декларации да го измамат народот. Најавуваат некакви „црвени линии“ за Бугарија, но во суштина знаеме што вредат и колку вредат и колку траат нивните декларации. Но она што уште не можам да разберам е на кого му праќаат сигнал? На кого се заложници? До кога ќе трае нивниот аранжман?  Народот не е наивен. Народот добро ги памети. Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги. И токму затоа, овој пат ќе има казна уште поголема казна на овие избори споредено со претходните, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека црвени линии вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи нема да дозволи да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, и какошто рече „ако им се дозволи да го реализираат нивниот план“.

-Запрашајте се зошто пред избори оваа тема ја наметнуваат? Повторувам и не знам и се чудам на што се надеваат, до кого го испраќаат овој сигнал. Но нашиот народ покажал низ вековите дека е мудар, добро памети до пред само една година каква власт имаше СДСМ и ДУИ и што направи. Ги памети и оние траги-комични изјави за македонската жица која свири во душата на нивниот поранешен премиер и сегашен гуру, ги памети и изјавите дека Уставот нема да се менува и ветувањата кои ги даваше додека сите овие сега кои се во раководството му ракоплескаа. Сега таа иста екипа нуди резолуција која и самите знаеме дека и таква каква што е  нема да ја почитуваат. Но повторно го поставувам прашањето кој ги тера? За кого работат? До кога ќе им трае аранжманот, праша Мицкоски.

Тој додаде дека поради оваа ароганција и поради многу други работи опозициската СДСМ  мора жестоко да се казнат на овие избори, затоа што продолжуваат да го потценуваат сопствениот народ.

– И сакаат повторно со триковите од пазарите од Горни Милановац да го прелажат и наместо сопствениот народ тие да имаат поинакви приоритети. Но, тоа нема да го дозволиме. Ние ќе стоиме рамо до рамо со народот затоа што нам не ни се важни фотелјите и немаме трговски зделки преку кои распродаваме идентитет и историја. Нам ни е битна Македонија, македонските црвени линии и македонските интереси! Затоа најпрво СДСМ нека направи саморефлексија, нека напише за почеток едно соопштение, и нека даде изјава со која ќе се извинат на македонскиот народ за предавствата кои ги направија, и ќе посочат за што точно и од кого се извинуваат, и нека се променат еднаш засекогаш. Тие за жал наместо да се променат пробуваат се обидуваат со истите трикови да се борат. Ќе ви кажам во суштина што е нивната борба, рече Мицкоски.

Toj оцени и дека опозициската СДСМ се бори заедно со Али Ахмети ДУИ и, како што вели, тоа е јасно како бел ден.

-Се борат за да се вратат на власт да продолжат по старо, се борат за да и помогнат на Бугарија да ја матира Македонија, се борат за да се допаднат на сите освен на својот народ. Се борат за да го заштитат криминалот преку нивните обвинители и судии кои не процесуираа ниту една кривична пријава нив. Тие се борат за нивните лускузи, тие се борат за нивните раскошни домови, нивните украдени пари и нивните заложени и уценети глави. Тоа е тоа за што тие се борат, за друго ништо. Нив не ги интересираат ниту членовите на СДСМ, не ги интересираат граѓаните на Македонија. Овие, пак, од ДУИ кои што уште слепо го слушаат Али Ахмети, нив па, најмалку ги интересираат Албанците и останатите етнички заедници. Нив ги интересираат само кога треба да  ги злоупотребат и кога треба да гласаат за нив, а потоа со своето неработење и корупција придонесуваат истите да се иселат од државата, исто како што на измамнички начин повторно сакаат да им подметнат на македонците, буквално, со истите трикови, потенцира Мицкоски во својот говор во Штип.

Порача дека обврска на централната власт е да стои рамо до рамо со народот.

-Нам не ни се важни фотелји, туку Македонија и нејзините интереси. И ќе истраеме во тоа, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски се осврна и на глобалните предизвици и дека Европа се соочува со економски турбуленции, светот ги репреговара своите односи.

– Тешко се живее во светот. Тешко се живее и во Европа. И тоа може да ви го каже секој нашинец кој отишол таму за подобар живот. Нашата обврска е да создадеме услови да се вратат, да создадеме верба и систем кој ќе функционираат рака под рака, да создадеме држава во која ќе има ред и ќе има можности. Но, тешката ситуација во светот е и шанса, државите кои ќе изградат капацитет и дома, ќе бидат победници утре. Државите кои ќе веруваат во себе и кои ќе имаат јасен план како во овие времиња, ќе успеат да фатат приклучок и да добијат она коешто го заслужуваат, а тоа е заслуженото место. Ние сакаме Македонија да е една од тие држави, рече Мицкоски.

На денешната промоција на кандидатите за градоначалници, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски рече дека новите програми за општините се подготвени од експерти, врз основа на идеи на граѓаните, со искуство од светот и најдобрите практики, како што кажав.

-Во секој план има конкретни мерки и проекти. Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за клучните општински приоритети, од водоводи и канализации, до училишта, градинки, зелени зони, дигитални услуги, економски мерки за развој и раст, порача Мицкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Што содржи планот на Трамп за Појасот Газа

НАЈНОВО

Што содржи планот на Трамп за Појасот Газа

September 27, 2025

Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

September 27, 2025

Каранфилова Пановска: СДСМ во Програмата за локалните избори нуди решенија кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во општините

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk