Пишува: ЈАНИ МАКРАДУЛИ
Еве нѐ, ден пред почетокот на кампањата, на веројатно најчудните, по агитирање, локални избори.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател, кој тогаш, не претпоставуваше дека поставува човек, кој ќе предводи со дефинитвно најнеефикасната влада во плурална Македонија. И секако нема да биде задоволен, без разлика колку проекти од “Скопје 2014” ќе продолжи, за кои да бидам искрен, истите проаѓаат зошто има многу затворени очи.
Ја започнува кампањата со јасен политички шамар, што значи наметнување на решение од надвор (како во една скопска општина), со кандидати кои се дел од потерници на МВР за бизнис со шумски дрва, а пред сѐ со кандидати, кои во својата програма ги имаат истите ветувања како пред 4 години. Затоа не изненадува што вчера се качи на бината, ги погледна кандидатите и во говорот кажа, цитирам:
“Но, кампањата не смее да биде театар на празни ветувања, таа треба да биде мост помеѓу вистината и надежта, да ја покаже искрената намера, а не да замаглува со илузии”.
Се плашам дека ќе доминираат теми кои немаат врска со тоа како да се подобрат секојдневните локални проблеми на граѓаните. Додека пак, граѓаните од една страна, тонат во смет, заобиколени од згради, а зеленилото, и тоа што е предвидено по закон, го нема.
Од друга страна, сиромаштијата расте, цените растат на дневна основа, а изолираноста расте со бројот на магистерски на владините функционери.
Дополнително, во едно поприлично небезбедно секојдневие, граѓаните ќе треба да направат вистински избор, наспроти лажната пропаганда.
Според мене, овие политики на власта, треба да бидат поразени, а не релативизирани…