ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска селектиран на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио

October 1, 2025 13:52
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Филмот „Мајка“ во режија на Теона Стругар Митевска е селектиран во  официјалната натпреварувачка програма на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио (TIFF), што ќе се одржува од 27 октомври до 5 ноември годинава.  Ова беше соопштено на денешната прес-конференција, а селекцијата е дел од програмската работа на д-р Андријана Цветковиќ, филмски режисер, професор и поранешен амбасадор, која е сениор програмски директор на фестивалот веќе трета година по ред, а во 2021 година беше член на официјалното жири.

Цветковиќ на прес-конференцијата истакнала дека дигиталното кино и вештачката интелигенција отвораат нови можности за женските автори, но родовиот дисбаланс во индустријата останува сериозен предизвик. Таа е куратор на „Women’s Empowerment Section“, која оваа година вклучува седум филмови и три панел-дискусии посветени на режисерки и женски филмски фестивали.

– Нашата мисија е да изградиме простори каде жените ќе можат да се поддржуваат и менторираат една со друга и да бидат признати како интегрален дел од глобалната кинематографија, нагласува Цветковиќ.

Фестивалскиот претседател Хиројасу Андо, пак, го потенцирал тространиот фокус на ова издание: унапредување на родовата еднаквост, поддршка на нови таленти преку новата програма „Asian Students’ Film Conference“ и развивање на просторот за дијалог „TIFF Lounge“, кој оваа година ќе го донесе разговорот помеѓу Јоџи Јамада и Ли Санг-ил, добитник на наградата „Куросава Акира“.

– Со селекцијата на „Мајка“ и со активното учество на д-р Андријана Цветковиќ како програмер и културен амбасадор, Македонија останува присутна на една од најпрестижните филмски сцени во светот, со јасно изразен културен глас и континуирано учество во глобалниот филмски дијалог. Преку својата улога во програмскиот тим на TIFF, Цветковиќ континуирано придонесува за видливоста на македонската кинематографија на оваа престижна светска сцена. Благодарение на нејзините залагања, во изминатите години во програмите на фестивалот беа прикажани „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, „Кајмак“ на Милчо Манчевски, а годинава и „Мајка“ на Теона Митевска – што претставува редок континуитет за една мала кинематографија како македонската, се наведува во соопштенито.

Tags: МајкиТеона МитевскаТокио
Next Post

(ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска и ги повикуваме организациите за женските права, политичките партии, Хелсиншкиот комитет и сите здруженија, да го осудат говорот на омраза

НАЈНОВО

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

November 18, 2025

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk