Талибанската влада во Авганистан денеска ги отфрли обвинувањата дека интернетот и мобилната телефонија се прекинати во земјата, наведувајќи ја замената на застарените оптички кабли.
Ова е прва изјава на талибанците за забраната за интернет мрежата што во земјата трае веќе три дена и која предизвика сериозна штета на банкарството, трговијата и воздушниот сообраќај.
Неколку провинции во Авганистан потврдија во септември дека им бил укинат оптичкиот интернет поради декрет на лидерот на талибанците, Хибатула Ахунџада, кој тврди дека со ваквата мерка владата се бори против неморалот.
„Ништо не може да се спореди со гласините што се шират дека го забранивме интернетот“, изјавија талибанските претставници во преписка со пакистанските новинари.
Обединетите нации (ОН) вчера ја повикаа владата на талибанците итно да го врати пристапот до интернет и телекомуникациите, а меѓународниот воздушен сообраќај над Авганистан оттогаш е суспендиран.