ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Диригентката Дијана Имери Илкоска била дискриминирана од поранешниот директор на Филхармонија Котевски, утврди Комисијата за спречување дискриминација

October 1, 2025 08:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПРАВДА
Дијана Имери Илкоска

Дијана Имери Илкоска

Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз основ на лично својство во областа на работата и работните односи од страна на Александар Котевски (поранешен в.д. директор на НУ Филхармонија) врз Дијана Имери Илкоска.

Случајот со диригентката Дијана Имери Илкоска ја разбрани македонската јавност на почетокот на оваа година откако го изгуби своето работно место во НУ Филхармонија на РСМ. Имено, нејзиниот работен однос не бил трансформиран од определено на неопределено време од страна на тогашниот в.д.директор иако ги исполнувала условите за законска трансформација на работниот однос, а само неколку денови потоа ѝ бил забранет влезот во нејзината матична куќа, додека пак нејзиниот уметнички профил како диригент бил избришан од официјалната веб страница на институцијата.

Сето ова и низа други недоследности биле причина Илкоска да поднесе претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во месец март. Имајќи ги предвид наводите и доказите од претставката, наводите и доказите од поднесоците за произнесување, Комисијата донесе мислење дека во конкретниот случај е извршена директна дискриминација од страна на Александар Котевски.

Александар Котевски

Во поднесокот за произнесување Котевски не ја навел причината поради која не ја завршил започнатата постапка за трансформација, а дополнително останува спорно врз основа на каква претходна анализа и проценка го изменил првичниот став на институцијата дека постои потреба од вработувањето на неопределено време непосредно по неговото назначување на функцијата. Симптоматично е и тоа што, и покрај изменетиот став, тој сепак побарал согласност за вработување на определено време во траење од една година – Комисијата наведува во Мислењето.

Во однос на забраната, односно ограничување на влезот на Илкоска во институцијата, Котевски не докажал постоење на легитимна цел и оправданост за поставување на листа на која изрично било наведено дека подносителката може да пристапи во институцијата исклучиво со претходна дозвола. Иако комисијата оценила дека не е спорно правилото надворешните лица да влезат во објектот со најава и одобрение од директор, останува спорно зошто името на Илкоска било јавно објавено на пријавницата со дополнително нагласување дека таа може да биде пуштена во институцијата единствено со претходно одобрение, доколку ова правило важи подеднакво за сите надворешни лица.

Исто така, во однос на бришењето на уметничкиот профил на Илкоска како диригент од веб страницата на Филхармонија, Котевски не успеал да докаже дека бришењето претставува резултат на техничка грешка, а од увидот во доставениот извадок неспорно произлегува дека профилот бил последен пат уредуван (бришен и враќан) на 17.01.2025 година, односно само неколку денови по нејзината реакција и забелешка во јавноста дека профилот бил отстранет.

Оттука, имајќи ја предвид поврзаноста на сите превземени дејствија од страна на поранешниот в.д. директор Александар Котевски во релативно краток временски период, а кои биле директно насочени кон Дијана Имери Илкоска, без притоа да биде утврдена легитимна цел или оправданост за нивно преземање, произлегува дека таа била ставена во понеповолна положба во споредба со останатите колеги, поради нејзино лично својство, со што се исполнети условите за постоење на директна дискриминација во смисла на член 8, став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донела препорака Александар Котевски да ѝ се извини на Дијана Имери Илкоска за сторената дискриминација во рок од 30 дена, а доколку не постапи согласно оваа препорака, Комисијата согласно своите надлежности ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци.

Tags: Александар КотевскиДијана Имери ИлкоскаФилхармонија
Next Post
Фото: МИА

Грција денеска парализирана од генерален штрајк

Shortcut

Најново

Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk