Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од 1:0 од Галатасарај во 2. коло од Лигата на шампионите.
– Ризикувавме со топката и се обидовме да најдеме слободен играч во средниот ред. Тоа е ризично. Многу пати се пробивавме до последната линија и можеби треба да играме подобро таму. Во тие моменти, донесовме погрешни одлуки, тие се вратија да нè прогонуваат и станаа опасни. Уверен сум дека ќе се вратиме на вистинскиот пат, само треба да продолжиме да работиме и да се држиме заедно. Не треба да има паника, но треба да се подобриме, изјави Ван Дајк за сајтот на УЕФА.
Галатасарај е 18. на табелата со три бода. Ливерпул е 16. исто така со три бода.
Во 3. коло, Галатасарај ќе игра против Боде-Глимт, додека Ливерпул ќе се соочи со Ајнтрахт Франкфурт. Двата натпревара ќе се играат на 22 октомври.