В недела, 5 октомври 2025 година, со почеток во 10 часот, ќе се одржи симболично издание на традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, којашто ја организира Општина Кочани, информираат од Општината.
„На нива кај Институтот за ориз, претставници на Здружението на пензионери – Кочани и на членови на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари ќе го прикажат обичајот зажнејување.
Во рамките на овој настан, ќе му биде доделена награда на најуспешниот оризопроизводител.
Исто така, професори од Земјоделскиот факултет при УГД ќе го претстават проектот „КАРБОНИКА – Јаглеродна иницијатива за климатски отпорно земјоделство“.
Поради трагедијата на 16 март во Кочани, годинава на манифестацијата не се поканети гости, делегации и учесници уметници“, се наведува во соопштението од Општина Кочани.