Израелската армија денеска пресретна ракета истрелана од Јемен, од каде што бунтовниците Хути редовно вршат напади.
„Ракета истрелана од Јемен беше пресретната од израелските воздухопловни сили“, објави израелската армија на Телеграм.
Бунтовниците Хути, поддржани од Иран, редовно лансираат ракети или беспилотни летала кон Израел, а огромното мнозинство од тие ракети се пресретнати.
Израел одговори на нападите минатиот месец и ги бомбардираше позициите на Хутите во Сана и северната покраина Џаф.
Во овие напади беа убиени 35 лица, а 131 беа ранети, наведоа јеменските бунтовници, кои контролираат големи делови од земјата.