Јувентус и Милан синоќа одиграа нерешено 0:0 во шестото коло од италијанското фудбалско првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „Алијанц“ во Торино.
Во 53. минута од натпреварот, напаѓачот на гостите, Кристијан Пулишиќ, промаши пенал.
Јувентус е петти на табелата во Серија А со 12 бода, додека Милан е трет со 13 бода.
Водечки се Наполи и Рома со по 15 бода.