Три лица се повредени, а петмина се водат како исчезнати при делумно уривање на зграда во Мадрид денеска, објавија шпанските медиуми.
Шпанскиот државен радиодифузер ТВЕ објави дека три лица се повредени и дека пожарникарите бараат уште петмина исчезнати во зградата, која делумно се урна за време на реновирањето.
Службите за итни случаи сè уште не ги потврдија извештаите за повредени или исчезнати лица.
Противпожарната служба соопшти дека „неколку ката“ од зградата се урнале. Полицијата е исто така на местото на настанот.
Во видео објавено од службите за итни случаи на социјалната мрежа „X“, фасадата на зградата е покриена со церада, која најчесто ја користат градежните екипи при реновирање на стари згради.