И изминатиов викенд, додека целиот град беше затрупан во смет, само Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски повторно излегоа на терен и самостојно го исчистија сметот околу контејнерите, иако тоа не е нивна надлежност. Ниту Град Скопје, ниту ЈП „Комунална хигиена“ не ја извршија својата работа, па Центар повторно мораше да ја преземе одговорноста и да го исчисти сметот околу контејнерите.

„Ова е врв на црната кампања. Намерно се остава отпадот надвор, покрај празните контејнери, за да се создаде впечаток дека општината не чисти. Но, нашите хигиеничари се на терен, и денес, и во недела, сите изминати четири години за да не дозволиме оваа црна кампања да им пројде“, изјави Герасимовски во лајв видео што го објави на социјалните мрежи.

Герасимовски, ја вклучи целата механизација во чистењето на Центар, кадешто самиот тој со вредните хигиеничари ја чистеа општината.
Тој, на социјалните медиуми најави и дека денеска, во 13 часот ќе се спроведе нова голема акција за чистење на дивата депонија кај полигонот на Кале, повикувајќи ги граѓаните да се вклучат и заедно да придонесат за почист град.