Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика претседателот на Израел Исак Херцог да го помилува премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој е обвинет за корупција.
Трамп го упати повикот за време на посетата на израелскиот Парламент( Кнесетот), нарекувајќи го својот пријател Биби Нетанјаху „еден од најголемите“ воени лидери.
За време на конфликтот меѓу Израел и Хамас, неколку рочишта веќе беа одложени во случајот против Нетанјаху.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Израел го прослави постигнувањето на прекинот на огнот и договорот за ослободување на израелските заложници и палестинските затвореници, а попладнево заминува за египетското летувалиште на Црвеното Море, Шарм ел Шеик, каде ќе се оддржи мировниот самит за Газа, на кој тој и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси ќе бидат копредетседатели.