Холивудската ѕвезда Натали Портман се обрати со емотивен говор на отворањето на престижниот филмски фестивал Лумиер во Лион, Франција, каде што годинава е специјална гостинка.
„Денес лудо би било да зборуваме за ништо друго освен за прославување на мирот“, рече Портман пред публиката, алудирајќи на актуелните конфликти во светот. „Родена сум во Ерусалим и денес чувствувам длабока поврзаност со сè што се случува таму. Овој момент е болен, но и потсетник дека мирот е единствената цел што вреди.“
Портман беше пречекана со стоечки аплауз во салата на институтот „Лумиер“, каде што се одржува еден од најзначајните фестивали посветени на историјата и уметноста на филмот. Организаторите истакнаа дека нејзиниот говор „донел момент на човечност и достоинство“ во време кога светот е преоптоварен со поделби и насилство.
Фестивалот Лумиер, именуван по пионерите на кинематографијата – браќата Огист и Луј Лумиер, секоја година слави големи филмски имиња и класични дела, но оваа година посебен акцент е ставен на уметноста како глас за мирот.
Редакција Фронтлајн