Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето
Во интервју за порталот „Независен“, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, се осврна на односот на нејзиниот противкандидат Орце Ѓорѓиевски и на неговата понуда таа да биде дел од неговата идната администрација.
„Таквата понуда е недобронамерна и омаловажувачка. Таа не е упатена со почит, туку со потценување – кон мене како противкандидат и кон сите жени кои се борат рамноправно да учествуваат во политичкиот живот“, изјави Шукова.
Во однос на извинувањето што следуваше, Шукова додаде дека тоа доаѓа предоцна и без вистинска искреност: ,,Извинувањето не вреди кога веќе е направена штетата. Јавноста многу јасно гледа кој навистина покажува почит, а кој само формално се извинува за да ја смири реалцијата