ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025 15:17
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скандал ја потресе општина Кичево откако на социјалните мрежи се појавија аудио снимки со компромитирачка содржина, објавени од профил со името „Ел Чека“. Според описот на снимките, наводно се слуша глас за кој се тврди дека е гласот на актуелниот градоначалник на Кичево, и кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Фатмир Дехари, во разговор со вработена во општината. Во објавите се наведува дека снимките содржат експлицитни сексуални алузии и непристојни коментари, наводно направени во работно време и во простории на општината.

„Почни од средно училиште, директорот ќе те фати! Оди на екскурзија, професорот ќе те фати! Оди на работа, градоначалникот ќе те фати! Тогаш слабиот менталитет на луѓето ја прави жртвата (девојките) виновна, а не овие разгалени кретени што се фатени во старост. Ах, Кичево, Кичево, како те уништија“, пишува „Ел Чека“ на Фејсбук, како резултат на аудио снимките што ги објави од наводен разговор на Дехари и девојки вработени во општината.

Овој коментар предизвика бурни реакции и лавина од осуди во јавноста.

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека со загриженост го следи најновиот скандал што кружи на социјалните мрежи и кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко, каде што кандидатот на Националната алијанса за интеграција се гледа во ситуации што го деградираат имиџот на институцијата и јавниот морал.

„Ова е само одраз на политичката култура која 20 години ја задушува одговорноста и го крева срамот на ниво на стандард. Не се радуваме на ничиј срам, но имаме обврска јасно да кажеме дека Кичево заслужува подобро. Затоа граѓаните на Кичево, на 19 октомври, имаат можност да зборуваат со еден глас против овој деградиран модел“, се наведува во соопштението од ВЛЕН.

По објавувањето на снимките, реагирала и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која изјави дека ваквото однесување, доколку се потврди, претставува „понижување за секоја жена, без разлика на етничката припадност“.

„Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик и навреда за сите што воспитуваат ќерки со труд, почит и достоинство. Таквото однесување мора да биде осудено од сите – и Албанци и Македонци и секој чесен граѓанин“, изјави Ангелова.

Од снимките, како што се наведува во описите на објавите, се слуша како жени вработени во општината наводно биле изложени на недолично однесување и непристојни коментари. Овие наводи предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, но и барања за оставка од Дехари, кој во моментов е кандидат за нов мандат.

Ангелова праша дали жените од ДУИ ќе реагираат на овие наводи, дали Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе отвори случај и дали лидерот на партијата Али Ахмети ќе се огради од ваквите постапки, доколку тие се потврдат.

„Ова не смее да остане без институционална реакција. Жените не се ничија сопственост – тие се мајки, ќерки, жени, и нивното достоинство мора да се заштити“, додаде Ангелова.

Профилот „Ел Чека“ не е нов во јавноста. Имено, пред шест години истиот профил објави низа снимки – таканаречени „бомби“ – со кои беа изнесени инкриминирачки содржини за повеќе членови на партијата ДУИ и за самиот Дехари. Тогаш, Основното јавно обвинителство во Кичево поднесе обвинение против Шеќерим Ахмети во врска со тие објави.

До објавување на текстот нема официјален став или демант од Фатмир Дехари или од ДУИ во врска со најновите објави на „Ел Чека“. Јавноста бара целосно расчистување на случајот и институционална реакција доколку се потврдат автентичноста и содржината на снимките.

Дехран Муратов во соработка со ТИМОТ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)

Фото: Принтскрин од аудиоснимката објавена на Фејсбук профилот Ел Чека

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Националната опера и балет

Се воспоставува наградата „Роксан Стојанов“ за млади балетски уметници

НАЈНОВО

Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

October 15, 2025
Скриншот

Албанската опозиција бара разрешување на претседателот Бајрам Бегај

October 15, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk