Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека ќе ја повлече поддршката за Аргентина доколку аргентинската внатрешна политика на претстојните избори не се движи во насока на САД.
Тој, на вчерашната средба со претседателот на Аргентина во Вашингтон, посочи дека САД нема да „губат време“ да бидат дарежливи кон Буенос Аирес ако Хавиер Милеи победи на изборите.
Според Трамп, противникот на Милеи, кој е „екстремно крајно левичарски“ ќе ја доведе Аргентина во проблеми.
Претходно, договорено е САД со 20 милијарди долари ја помогнат аргентинската валута. Администрацијата на Трамп одлучи да интервенира на аргентинскиот девизен пазар откако партијата на Милеи беше поразена на минатомесечните локални избори.
– Станува збор само за помагање на големата филозофија да преовлада во голема земја, истакна Трамп.
Тој посочи дека аргентинскиот претседател е целосно МАГА, што традиционално се однесува на неговиот предизборен слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“, но овој пат може да значи и „Да ја направиме Аргентина повторно голема“.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, додаде дека администрацијата верува дека коалицијата на Милеи ќе се покаже добро на претстојните избори и дека тој ќе продолжи со својата реформска агенда.