Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улиците „Ленинова“ и „Чедомир Миндеровиќ“ во општина Центар, а причина за прекинот е уличен дефект на улицата „Пиринска бр.45“.
Од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Водовод и канализација, информираат дека прекинот ќе биде од 09 часот се до остранување на дефектот.