ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ТАВ Македонија: Над 2,5 милиони патници во првите девет месеци, се очекува уште поголем раст

October 17, 2025 13:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: ТАВ, Аеродром Скопје

Фото: ТАВ, Аеродром Скопје

Share on FacebookShare on Twitter

Двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од шест отсто во однос на истиот период минатата година. Бројот на летови, пак, во истиот временски период е зголемен за три отсто, односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември.

Како што информира денеска ТАВ Аеродроми, за овој позитивен тренд на раст на бројките за овие девет месеци во голема мера влијаеа новоотворените осум линии од двата ародрома на почетокот на годинава, во соработка со авикомпаниите и Владата.

– Во првите девет месеци од годината ТАВ Македонија го одржа позитивниот тренд на раст и стабилност, со што уште еднаш ја потврдивме успешноста на нашата долгорочна стратегија. Овие резултати не се случајни, тие се резултат на внимателно планирање и континуирана посветеност кон подобрување на услугите на двата македонски аеродроми. Убеден сум дека стабилниот раст ќе продолжи и до крајот на годината затоа што во наредниот период ќе стартуваат седум нови авио-поврзувања на земјава преку авиокомпанијата Виз ер и тоа од Скопје до Бари и Стокхолм, преку летовите кои ќе почнат на 27 октомври, а истиот ден ќе започне и авиорутата од Охрид до Базел. Ден подоцна, на 28 октомври главниот град се поврзува со Мадрид и Ларнака, а од 15 декември и со Прага и Келн. Дополнително, од 3 ноември Easyјet повторно ќе го поврзе Скопје со Женева, се вели во пишаната изјава на генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Тој очекува голем број патници поради новите летови кои веќе се најавени за идната година, како од Скопје до Будимпешта и до Неапол кои ќе почнат од 30 март 2026 година и од Охрид до Милано на 30 март, Вроцлав на 7 јуни и Катовице од 8 јуни.

– Оттука, сакам да посочам дека и во наредниот период ТАВ Македонија ќе продолжи да работи во насока на отворање на нови авиолинии и влез на нови авио-компании и на уште подобра поврзаност на Македонија со светот, вели генералниот директор на ТАВ Македонија.

Според статистиката на ТАВ Македонија, само во септември двата македонски аеродроми опслужиле 329 523 патници што е 8 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, а биле реализирани 2 422 летови што е за еден отсто повеќе од лани.

Стабилниот пораст во првите 9 месеци го докажува и дневниот пресек на патници. Скопскиот аеродром дневно во просек опслужувал 8 687 патници што е за 5,7 отсто повеќе од лани, а преку охридскиот, дневно патувале 767 патници што е за 16,3 отсто повеќе споредено со минатата година.

Одделните анализи за двата аеродроми за периодот од јанури до септември покажуваат дека преку Меѓународниот Аеродром Скопје патувале 2.375.264 што е за 5,4 отсто повеќе од лани, а додека Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 16,2 отсто со услужени 209.832 патници.

Истанбул повторно е најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје до двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 16,9 отсто пазарен удел. Потоа следуваат Базел Милуз (6,1 отсто), Франкфурт (5,7 отсто), Цирих (4,6 отсто), Виена (4,2 отсто), Минхен – Меминген (4,1 отсто) и Дортмунд (4,1 отсто).

Топ – пет земји до кои има најмногу директни летови се Турција (25,1 отсто пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Германија (24,7 отсто), Швајцарија (10,9 отсто), Италија (5,2 отсто) и Австрија (4,4отсто).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Меџити: Се инвестира во проекти кои го претвораат Чаир во модел на развој, благосостојба и заедничко живеење

НАЈНОВО

ВИ

Славење на руските „успеси“ во македонските и регионалните медиуми

October 17, 2025
Скриншот

(ФОТО) Ким Кардашијан блесна во луксузен и софистициран изглед на премиерата на новата серија „Сѐ е дозволено“

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk