Раководното тело на Формула 1 ја прогласи претстојната трка за Големата награда на САД на патеката во Тексас за ризична поради високите температури.
Ова е втора трка по ред што е прогласена за опасна поради топлината, по трката во Сингапур пред две недели.
Се предвидува дека температурите ќе надминат 31 степен Целзиусов претстојниот викенд во Остин што е индексот на топлина кој Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го користи за да дефинира потенцијално опасни услови за возачите.
Како и во Сингапур, Ф1 тимовите на саботните квалификации и неделната трка во Остин би можеле да користат систем за ладење на возачите.
Употребата на овие елеци не е задолжителна, но тимовите мора да го вградат системот во своите автомобили за да се осигурат дека возачите кои не ги користат нема да добијат предност со тоа што имаат полесен автомобил.
Трката за ГН на САД на патеката во Остин е на програмата в недела, со почеток во21 часот.