Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден го заврши циклусот на радиотерапија за агресивен рак на простата и покажува охрабрувачки знаци на напредок, објавија денеска американските медиуми.
Портпаролката на Бајден, Кели Скали, потврди за Си-Би-Ес Њуз дека поранешниот претседател, кој следниот месец ќе наполни 83 години, вчера завршил неколкунеделна радиотерапија во Центарот за радиологија и онкологија Пен во Филаделфија во процесот на лекување на малигната болест на простатата.
Ешли Бајден, ќерката на поранешниот претседател, објави кратко видео од својот татко на Инстаграм.