ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“, на три локации утре во Скопје

October 21, 2025 11:50
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Утре (22 октомври) ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“.

Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна.

Организаторите на „Хаус оф Три“ велат дека е повеќе од фестивал — синергија што ги спојува луѓето.

„Идејата започна пред три години сосема спонтано, од желбата да направиме место, каде што музиката, уметноста и локалните брендови ќе се сретнат на три поврзани и сродни локации.“, вели Еми Ермилова, креатор и организатор на фестивалот.

Годинава, програмата нуди интернационални и локални диџеи, поп-ап шоп, винил маркет и фуд корт.

„Сакаме луѓето да се чувствуваат слободно и да уживаат, да разменуваат меѓусебни искуства и да ја понесат целата позитивна енергија со себе. Но, над сè, сакаме да го вратиме шармот на ноќниот живот на Скопје. Со секое ново издание, фестивалот програмски созрева, поттикнувајќи соработка, инспирација и љубов кон уметноста и позитивната енергија.“ додава Ермилова.

Фестивалот ќе започне во 18 часот во „Три Кичен&Бар“, каде на винил маркетот ќе се претстават љубители и колекционери на грамофонски плочи, со цел да ги обединат фановите и колекционерите на винил. На истата локација ќе биде поставен и поп-ап шоп, на кој ќе се претстават локалните современи дизајнерски брендови „5 до 12“, „Кактус“, „Фабрика“, „Финкс арт“ и „Милч“. На овој базар посетителите ќе можат да уживаат во винтиџ и модерна облека, аксесоари, шапки (bucket hats), постери, привезоци и други креативни изненадувања. Барот нуди за посетителите и вкусна храна, збогатена со музичка програма на локалните диџејки Емили Нас и Ермилова, а подоцна во ноќта, до 1 часот по полноќ, ќе настапат и Аните б2б Немакс, носејќи хипнотички грув и силна енергија. Влезот е слободен.

Случувањата во „Три Кичен & Бар“ ќе траат до 1 часот по полноќ, по што програмата продолжува во двата ноќни клуба — „Клуб 1212“ и „Станица 26“.

Од полноќ, во „Клубот 1212“ ќе гостува диџејката Џејн Рајз, со локална поддршка од диџејот Базел. Џејн Рајз брзо станува едно од највозбудливите нови имиња на електронската музичка сцена. На само 28 години, таа веќе има оставено значаен печат како диџејка, пејачка и продуцент, освојувајќи ја публиката низ целиот свет со својот уникатен спој на афро и хаус музика. Растејќи во музичко семејство, Џејн уште од најрана возраст била длабоко инспирирана од ритмови и мелодии, кои силно ја обликуваат нејзината уметничка приказна. Влезница за клубот е 300 денари.

Едновремено, фестивалската приказна од полноќ ќе се одвива и во „Станица 26“, каде ќе настапи веќе добро познатиот диџеј Лехар, со локална поддршка од диџејот Веки. Додека се слуша музиката на Лехар, може да се препознае дека интуицијата и емоцијата се основа на неговиот креативен процес, кој резултира со музички импровизации. Дебитантското ЕП на Лехар, „Саргас“, издадено на издавачката куќа „Конесер Рекордингс“ од Офенбах, го постави на мапата на современата електронска сцена и го претставува неговиот уметнички манифест — мешавина од звуци со драматични ефекти, преплетени со интимни бас линии и интригантни мелодии. Влезница за клубот е 300 денари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Хаус оф Три
Next Post
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски: Ја прифаќам поканата за дебата со противкандидатот Мециновиќ, граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

October 21, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk