Македонскиот шаховски шампион Алкалоид забележа победа со 6:0 над Ипотитис Родос, вчера во второто коло на Европскиот клупски куп што се одржува на грчкиот остров Родос.
– Зад резултатот се крие многу интересен меч со одлична борба! На сите табли се играше храбро и борбено, со добро подготвени системи на отворања. На првите пет табли играа најдобрите млади грчки интернационалци, а на шестата нивниот тренер, кој е ветеран, со титула на Интернационален мајстор, изјави по мечот капитенот на Алкалоид, Влатко Богдановски.
На овој меч за Алкалоид настапија Арјун Еригаиси, Ји Веи, Јангји Ју, Читамбарам Аравинд, Велимир Ивиќ и Абиманју Пураник.
По првите две кола, 21 екипа имаат освоено максимални четири бода.
Денес во рамките на третото коло, противник на Алкалоид ќе Шахфројнде од Германија, кој вчера славеше над вториот чешки тим Оаза Прага.
Мечевите започнуваат во 15 часот по грчко време, а заинтересираните имаат можност за следење на интернет-преносот преку официјалната страница www.eccc2025.com.