Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против лице кое придизвикало пожар на паркиран автомобил во сопственост на друго лице.
Како што соопштуваат од ОЈО, осомничениот на 16 октомври, на улицата „Народни херои“ во Скопје, го полеал автомобилот со бензин којшто го носел во пластично шише и го запалил, а со тоа предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето.
– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице осомничено за кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 16 октомври, на улицата „Народни херои“ во Скопје, со бензин предизвикал пожар на паркиран автомобил во сопственост на друго лице. Бензинот го носел во пластично шише, го полеал автомобилот и го запалил, а со тоа предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето, стои во соопштението.
Од ОЈО додаваат дека јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побарал да биде определена мерка притвор, бидејќи, како што велат, постои опасност од бегство, но и веројатност осомничениот да го повтори кривичното дело.