ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вработените во „Паркови и зеленило“ продолжуваат со протести, најавуваат блокади на булевари доколку не добијат плата

October 21, 2025 12:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Фејсбук на Сојуз на синдикатите на Македонија

Фото: Фејсбук на Сојуз на синдикатите на Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Веќе втор ден вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ своето незадоволство поради неисплатената септемвриска плата го искажуваат со протест, блокирајќи ги двата влеза во ова претпријатие. Најавуваат дека ќе протестираат до петок, од  9 до 11 часот, со блокирање на двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски за МИА изјави дека како единствен репрезентативен синдикат, заедно со вработените и со синдикалната организација при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје во повеќе наврати минатата недела се обиделе да стапат во контакт со раководството на ова јавно претпријатие.

– Но, за жал не наидовме на одѕив од другата страна. Доколку во текот на денешниот ден не се исплати платата за септември, за која има законски рок до 15 октомвври, вработените ќе продолжат со изразување на своето незадоволство повторно со блокирање на двата влеза на претпријатието до петок, во период од 9 до 11 часот. Доколку и до петок не се исплати платата, вработените се подготвени на радикализација на своите протести со блокирање на булеварите и крстосниците во Град Скопје. За жал, ние како работници, не сакаме повторно да излегуваме на булеварите и на тој начин да го бараме своето основно право на заработената плата за септември. Сметаме дека тоа може да се надмине со дијалог со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“, но за жал не наидовме на разбирање, изјави за МИА Кашиковски.

Најави дека в петок вработените во овие три фирми заедно со Синдикатот на СУТКОЗ ќе донесат одлука за понатамошниот тек на протестите поради несплатената септемвриска плата и поради неисплатените јубилејни награди, регрес за годишен одмор и останати додатоци на плати. Посочи дека како Синдикат СУТКОЗ во изминатиот период ја информирале јавноста дека сегашното финансирање на ЈП „Паркови и зеленило“ е неодржливо и очекуваат од новото раковостство на Град Скопје, веднаш по завршување на изборите, да одржат средба на која, како што рече, ние ќе ги изнесеме нашите размисли и поучени од искуството од финансирање на вакви и слични претпријатија во регионот.

Кашиковски информира дека основната дејност на ЈП „Паркови и зеленило“ се состои од два дела. Едниот дел е подигнување ново зеленило, а другиот дел е одржување на постојното јавно зеленило на територија на Град Скопје. Како пр. наведе дека во 2022 година работниците од ЈП „Паркови и зеленило“ работеле на одржување на јавното зеленило во износ од 383 милиони денари, но, преку сметките за вода каде се наплаќа тој надомест за одржување на јавното зеленило се наплатени околу 240 милиони денари. Се појавува недостиг за тоа што е сработено и тоа што како услуга го дале, а не успеале да наплаат околу 140 милиони денари.

– Сметаме дека е можно да се изнајде нов начин на финансирање, потенцира Кашиковски.

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ нема да протестираат в четврток зошто е државен празник, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фотомонтажа: Фронтлајн

Избори со старите болести: Технички пропусти, слаб надзор и сомнежи за притисоци

НАЈНОВО

Врисокот на Кочани

October 21, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Шон Дајч нов тренер на Нотингем Форест

October 21, 2025

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk