Деветнесеттиот пакет санкции кон Русија има многу јасни точки поврзани со енергијата и финансиските институции, чија цел е да се лиши Москва од можностите за финансирање на војната во Украина, изјави денска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Самитот на Европската Унија во Брисел.
– Среќни сме и за пораките што доаѓаат од Америка во врска со санкции кон Русија. Тоа е важен показател за силата што ја манифестираме, рече Калас.
Таа најави дека на Самитот ќе стане збор и за т.н. заем за репарации за Украина, во врска со кој треба да се прецизираат уште некои детали, но, како што нагласи, важно е дека основата порака е оти Русија е одговорна за штетите што ги предизвика во Украина и мора да плати за тоа со замрзнатите руски средства.
– Тоа испраќа три важни пораки. Правата е за Украина дека ја поддржуваме за да се брани, втората е за Русија дека не може да не надвладее и третата е за Америка дека ние самите преземаме многу важни чекори, рече Калас.
Високата претставничка додаде и дека на Самитот ќе стане збор и за европската одбранбена подготвеност, на што, како што рече, треба да се гледа како на заедничка вредност, па затоа земјите членки треба да работат на заеднички проекти за одбрана на Европа.