Авиокомпанијата „Аљаска ерлајнс“ (Alaska Airlines) привремено ги прекина сите летови низ Соединетите Американски Држави откако дојде до дефект во ИТ секторот, соопшти компанијата денеска.
Во соопштението е наведено дека проблемот настанал во примарниот центар за податоци и оти инцидентот не е резултат на кибер напад ниту е поврзан со други безбедносни настани.
– Прекинот на ИТ системот влијаеше на неколку наши клучни системи кои ни овозможуваат да извршуваме разни операции, што бараше спроведување на забрана за приземјување за да останат нашите авиони на позиција, наведе компанијата, додавајќи дека безбедноста на летовите „никогаш не била загрозена“.





