Екипата на Реал Мадрид славеше во дербито на 10.коло на Ла Лига и на домашен терен ја совлада Барселона со 2:1 во 261.то „Ел Класико“. Со овој триумф „кралскиот клуб“ ја прекина серијата на големиот ривал, кој минатата сезона ги доби сите четири меѓусебни натпревари.
Дербито почна со досудениот пенал за Реал Мадрид, но по прегледувањето на ВАР снимката судијата го поништи пеналот. Неколку минути подоцна радост на Сантијаго Бернабе, но голот на Килијан Мбапе беше поништен поради офсајд. Сепак 10 минути подоцна славје за домашниот тим, Мбапе ја реализираше шансата за водство од 1:0.
Гостите по примениот гол ги консолидираа редовите и во 38.минута ја казнија грешката на домашниот тим и преку Фермин Лопез изедначија на 1:1. На полувреме сепак Реал имаше предност откако во 43.минута Џуд Белингам ја затресе мрежата на Барселона. Мбапе. До крајот на дуелот двете екипи имаа шанси, но немаше промена на резултатот. Во центарот на вниманието беше и Винисиус, кој откако беше заменет во 72.минута реагираше бурно на одлуката на тренерот Чаби Алонсо. Во судиското надополнување на вториот дел по вториот жолт картон на Педри и црвен дојде до мешаница меѓу двете клупи.
По денешниот натпревар и 10.коло Реал Мадрид е лидер на табелата со 27 бодови, пред Барселона која има 22.




