Собранието на Косово, со 56 гласа „за“ и четири воздржани, денеска не го избра лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, за премиер.
Претседателот на парламентот, Димаљ Баша, по гласањето изјави дека постапката сега бара од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да одлучи за друг кандидат за премиер врз основа на уставните овластувања по консултација со партиите.
Османи има рок од десет дена да назначи нов мандатар, а во случај и тој да не ги обезбеди потребните 61 глас, тогаш го распушта Собранието и распишува нови парламентарни избори.




