Оставка на клупата на Селтик поднесе Брендан Роџерс, а на негово место шкотскиот шампион привремено ги назначи поранешниот тренер Мартин О ’Нил и поранешниот клупски играч Шон Малони.
Оставката на 52-годишниот северноирски стратег дојде поради лошите резултати во домашното првенство и елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампиони од казахстанскиот Каират Алмати.
Во неделата, Селтик загуби во шкотското првенство со 1-3 од Хартс, кој по девет кола води на табелата со 25 бодови, осум повеќе од второпласираниот Селтик.
Роџерс го водеше Селтик два мандата, од 2016 до 2019 година и од 2023 до 2025 година, а со клубот од Глазгов освои четири шампионски титули и три куп трофеи во шкотскиот фудбал.





