ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025 12:14
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку Косово влезе во 2026 година без нова влада и одобрен буџет, последиците би можеле да бидат сериозни за функционирањето на државата. Ова е она што го предупредува економскиот експерт и поранешен министер за финансии Хаки Шатри, кој нагласува дека актуелната влада нема законски мандат да предложи нов буџет или да побара продолжување на постојниот, пишува Радио Слободна Европа на албански јазик.

Тековниот буџет истекува на 31 декември 2025 година, а во отсуство на нов закон за привремени расходи за месеците јануари и февруари, државните институции ќе останат без финансиски средства за најосновните плаќања. „Без законско решение, државата нема да има ниту плати за јавните службеници, ниту пензии, ниту детски додатоци. Нема да има средства за армијата, полицијата или службите за итни случаи“, предупредува Шатри во интервју за РСЕ.

Според него, таквата ситуација би претставувала сериозно кршење на Законот за управување со јавни финансии и би ја довело државата во опасност од институционален банкрот. „Неприфатливо е по 25 години ослободување, Косово да се соочи со целосна нефункционалност поради недостаток на управување“, додава тој, апелирајќи за итна акција од целиот политички спектар.

Финансиските експерти оценуваат дека доцнењата во формирањето на институциите не се само политичко прашање, туку директно влијаат и врз економијата на земјата, социјалната стабилност и довербата на граѓаните во државата. Без навремено одобрен буџет, развојните проекти и јавните инвестиции исто така ќе бидат запрени, продлабочувајќи ја неизвесноста во приватниот сектор и пазарот на трудот.

Шатри заклучува дека одговорноста е на сите политички партии, кои мора да најдат компромис за да избегнат буџетска криза и да ја одржат функционалноста на институциите. „Ова е тест за политичка зрелост и одговорност кон граѓаните“, нагласува тој.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Марјан Забрчанец за Фронтлајн: Изборниот модел ја храни етничката и партиската поделба

НАЈНОВО

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

ЕУ издвои 31,7 милијарди евра јавни средства за климатски активности во земјите во развој во 2024 година

October 28, 2025

Обвинителство бара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми и управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk