Новиот директор на париската полиција Патрис Фор денеска изјави дека е против отворање на полициска станица во музејот Лувр, бидејќи тоа би било преседан и ќе доведе до тоа и другите институции да го побараат истото.
Отворање на полициска станица во музејот побара претседателката на Лувр, Лоранс де Карс, по неодамнешната кражб на накит.
– Доколку тоа го правевме тоа за Лувр, сите ќе бараа полициска станица, наведе Форе, додавајќи дека сака да ги фокусира напорите на зајакнување на безбедноста околу музејот, а не во него.
Неговиот став е во согласност со одлуката на министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, кој во неделата отфрли слично барање од раководството на музејот.
Форе посочи дека од почетокот на годината, полицијата интервенирала 1.080 пати во областа околу Лувр и дека музејот има 1.300 камери, иако „сите не се дигитални“.
На 19 октомври беше ограбен Лувр, при што крадците зедоа осум парчиња накит во вредност од 88 милиони евра.
Истрагата за кражбата продолжува, а притворот на двајцата осомничени треба наскоро да биде завршен.





