Речиси 27.000 домаќинства во јужниот регион Одеса во Украина се без електрична енергија по синоќешниот руски воздушен напад врз енергетски објект, соопшти денеска енергетската компанија ДТЕК.
Нападот ја оштетил и транспортната инфраструктура, напиша воениот гувернер на црноморскиот регион, Олег Кипер, на Телеграм.
Украинското Министерство за енергетика пријави нови руски напади врз енергетските системи во регионите Одеса, Дњепропетровск и Доњецк, пренесе ДПА.
Со оглед на тоа што електричната мрежа е веќе ослабена од претходните напади, некои области се соочуваат со повеќечасовни прекини на електричната енергија, што влијае и на индустријата и на приватните домаќинства.
Властите соопштија дека едно лице е убиено во синоќешните напади.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека руската војска лансирала 126 дронови, од кои 93 биле соборени.





