Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагира на шпекулациите дека партијата наводно дала поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски.
„Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсова со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, претставува било каква поддршка од СДСМ за Лукровски. СДСМ апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против кој се бореше партијата во првиот круг“, стои во соопштението.
Од СДСМ најавуваат дека ќе побараат објаснување од членката Маја Мојсова за фотографијата која се појави на социјалните мрежи.
Со ова, партијата уште еднаш потенцира дека останува на ставот за спротивставување на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и дека поддршка на нивни кандидати нема и не може да има.
Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, вечерва на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со кандидатката за градоначалник за истата општина од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Маја Мојсова-Мијовска, која не влезе во вториот круг.





