ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025 21:27
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати  од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера.

Како што истакна претседателот на ДИК Борис Кондарко, се гласаше во 32 општини и во градот Скопје, а вкупниот бројот избирачи изнесуваше 1 013 357. Бројот на избирачки места на кои се спроведе гласањето беше 1 777, вкупниот број избирачи кои гласале е 424 923 или 41,93 отсто. Бројот на неважечки гласачки ливчиња е 23 930, а на важечки 404 464.

За градоначалник на Скопје во десетте скопски општини гласале 474 304 избирачи, а на територијата на Скопје 167 575 гласачи. Вкупниот број неупотребени ливчиња е 306 729, бројот на важечки гласачки ливчиња е 157 047, а на неважечки 10 528.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во вторит круг освои градоначалнички места во Град Скопје и во 21 општина, коалицијата ВРЕДИ во четири, коалицијата предводнеа од СДСМ во три, Унијата на Роми, Движењето ЗНАМ и НАИ во по една општина, а во една општина ќе раководи независен кандидат за градоначалник.

За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски гласале 95 572 избирачи или 57,03 отсто, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ гласале 61 475 или 36,69 проценти од вкупниот број избирачи.

Кондарко информира дека од моментот на објавување на овие резултати, почнува да тече рокот за поднесување приговори.

null

– Од денеска, од 16:30 часот, од објавувањето на првичните официјални резултати, во наредните 48 часа, до среда, до 16:30 минути, течат роковите за евентуални приговори врз основа на објавените првични официјални резултати, а за спроведување на постапката на утврдување на резултатите од гласањето. Приговорите се доставуваат директно до ДИК, електронско поднесување не е дозволено, истакна Кондарко.

Според него, ако има приговори, крајниот рок за објавување на конечните резултати од локалните избори ќе биде понеделник или најдоцна вторник.

-Ако до среда, до истекот на рокот за поднесување приговори во некоја од 32-те оопштини не бидат поднесени приговори, за тие места каде нема приговори ДИК во четврток ќе објави конечни резултати. Доколку бидат поднесени приговори, ДИК има рок од 72 часа да одлучува по приговорите. Тоа во денови доаѓа некаде до сабота. Потоа, по одлуките на ДИК, има рок од 24 часа за поднесување тужби до Управниот суд. Тоа би било најдоцна до недела. Управниот суд има рок од 48 часа за одлучување по тужбите. Значи, крајните рокови за одлучување на Управниот суд би биле до понеделник. Понеделник или најдоцна вторник, по конечните одлуки на Управниот суд, би бил крајниот рок за објавување на конечните резултати. Конечните резултати ќе бидат соопштени на седница на ДИК за што јавноста ќе биде навреме иозвестена, истакна Кондарко.

Од 19:00 часот вчера течат роковите за приговори по основ на постапката за спроведување на гласањето.

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk